Македонија
20. September 2017 - 17:12

Поставена протеза на скрешеница на рамо што овозможува негова нормална функција

Комплицирана и најсовремена операција на скршеница во предел на рамото кај пациентка повредена при пад од балкон изврши хируршки тим од Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ -Скопје.

Оштетените делови од коската на лопатката (скапула) и горниот пол на надлакатната коска се заменети со најсовремена инверзна протеза од Кобалт Хром легура (стем) со полиетиленска гленосфера (Glenosphere) и централна единица испрскана со биоактивен калциум фосфатен спреј кој овозможува побрзо зараснување.

Според него, оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо.

„Пациентите со ова ќе ја имаат слободата на движења на рамениот зглоб кои претходно скоро и да ги немале. Уште поважно ќе имаат живот без болка. Можеби ќе звучи футуристички, но со напредокот на медицината доаѓа ерата на замена на скелетот и зглобовите во човековото тело или условно кажано „роботизирање“ на човекот. Поради развојот на медицинската биотехнологија животот без болка и уживање на перфектната слобода на движењата после тешки скршеници на рамениот зглоб станува реалност“ ни соопштија од Клиниката.