Поставен споменик на загинатиот припадник на ЕСЗ „Тигар“, Стојменовиќ
Во паркот во општина Гази Баба денеска беше откриен споменикот на Горан Стојменовиќ, загинат припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“, кој трагично го загуби животот при полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље на 10 мај 2015 година.
– Секоја жртва од минатото е света обврска во иднината. Денеска се собравме овде во паркот на општината Гази Баба, да изразиме должна почит и вечен спомен за трагично загинатиот наш колега, пријател, татко, сопруг, сограѓанин – Горан Стојменовиќ. Овој споменик посветен на незаборавот кон Горан не е никаква отплата на долгот кон него. Оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци не задолжиле се враќа само со дела, со хумани дела, со професионални дела, со благородни дела, со се она добро, чисто и честитот заради што тие воопшто и ги положија своите животи, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Рече дека Стојменовиќ со својата херојска смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужил своето место меѓу бесмртните.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите