Постапка за исклучување на Мануел Валс од Социјалистичката партија

Првиот секретар на француската владејачка Социјалстичка партија, Жан-Кристоф Камбаделис денеска соопшти дека против поранешниот премиер Мануел Валс е покрената постапка за негово исклучување од партијата.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, постапка е покрената откако Валс соопшти дека на претстојните парлементарни избори има намера да биде канидат за пратеник на партијата Републиката напред на новоизбраниот француски претседател Eмануел Макрон.
Претседател на Кандидатската комисија на партијата на Макрон, Жан-Пол Делевој исутринава соопшти дека поранешниот социјалистички премиер Мануел Валс сепак не ги исполнува критериумите за да биде кандидат за пратеник на Републиката напред. - Националната комисија за избор на кандидати не може да ја разгледува кандидатурата на господин Валс, рече тој.
Истоврмено, многу поранешни поддржувачи на кандидатот за француски претседател на социјалистите на последните избори, Беноа Амон, меѓу кои и поранешниот министер за правда Кристијан Tобира и градоначалниците на Париз и Лил, Мартин Обри и Ан Хидалго, денеска најавија формирање на ново политичко движење.
Според најавата објавена во париски „Ле Монд“, партијата наречена Од утре, треба да биде „големо движење на иновации за европската демократија, еколошко и социјално“.
- Дојде време да се ослободиме од вчерашните старите окови и од стриктните внатрешни политички дебати за да се создаде движење, чија улога ќе биде да се идентификуваат решенија и локални успеси и да работат за нивната имплементација на сите територијални нивоа - локално, национално и европско. Се работи на ослободување на нашата иднина, француска и европска, од катастрофата во животната средина, социјалните уривање на демократскиот банкрот и напуштање на републиканските вредности, се вели во текстот.
Меѓу основачите на новото движење се и неколку членови на Социјалистичката партија, како државниот секретар Паскал Буастар, пратеникот Карин Бергер и поранешниот директор на кампањата на Беноа Амон, Матео Анотан, но и граѓанскиот активист, фотографот Јан Артус Бертран.
Оваа најава доаѓа откако поранешнот претседателски кандидат на социјалистите Беноа Амон соопшти денеска дека се подготвува да создаде ново движење на левицата.
Ново на Сител
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
