Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14 јуни
Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација.
Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија.
Нов Зеланд последен пат учествуваше на мундијалскиот турнир во 2010 година во Јужна Африка, што беше нивно второ учество по премиерата во Шпанија во 1982 година.
Костарика прв пат настапи на завршните турнири во Италија 1990, а од 2002 до 2018 година го пропушти само Мундијалот 2010 во Јужна Африка.
Претходно, на 5 јуни ќе биде познат последниот патник од европските квалификации, додека на 13 јуни во Доха ќе играат победникот од дополнителните азиски квалификации меѓу Обединетите Арапски Емирати и Австралија против Перу.
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
