-->
-->
Последици во работењето на „МЖ Транспорт“ од штрајкот на солунското пристаниште
-->
„Македонски железници - Транспорт“ денеска ќе информира за последиците што ги трпи железничкиот сообраќај од блокадите на македонско - грчката граница и од штрајкот на работниците во пристаништето во Солун.
Блокадата на пругата Солун - Скопје кај кампот за бегалци кај Идомени и штрајкот на вработените во пристаништето во Солун го отежнаа функционирањето на „Македонски железници - Транспорт“. Вагони од МЖ Транспорт се заглавени на солунското пристаниште, а надлежните од „МЖ Транспорт“ информираат дека контактираат со грчките колеги барајќи начин како да се реши проблемот.
Вработените на пристаништата Солун, Пиреја и во железницата штрајкуваат поради договорот на грчката Влада со европските кредитори да се приватизираат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан