После седум години отворен главниот граничен премин меѓу Ирак и Сирија

По седум години Ирак и Сирија вчера го отворија главниот премин на заедничка граница кој не функционираше поради сириската граѓанска војна и борбата против екстремистите од Исламска држава.
Отворањето на преминот што ги поврзува местата на Каим во Ирак и Букамал во Сирија би требало да ја зајакне трговијата меѓу двете арапски земји.
Сепак, тоа исто така ќе помогне во зајакнувањето на влијанието на Иран, бидејќи ќе им овозможи на воените формации во Ирак, кои се поддржани од Техеран, полесен пристап до источна Сирија во време на засилени тензии меѓу Иран и САД.
Областа е место на судири меѓу курдските борци поддржани од САД и владините сириски сили и нивните сојузници кои ги поддржува Иран.
Министерот за внатрешни работи на Сирија Мохамед Халед Рахмун вчера во придружба на сириски војници премина на ирачката страна од границата, каде војниците од двете земји се прегрнуваа и се сликаа. Многу Ирачани и Сиријци кои живеат во пограничните градови, исто така присуствуваа на свеченоста.
Преминот Букамал беше затворен во 2012 година, откако сириските бунтовници кои се обидуваат да го соборат од власт претседателот Башар Асад, презедоа големи делови од источна Сирија.
Каим и Букамал потоа беа под контрола на Исламска држава до 2017 година, кога сириската и ирачката војска ги ослободија овие места од екстремистите. Поразот на Исламската држава во Сирија беше прогласен во март годинава.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
