После ова видео веќе никогаш нема да го чувате телефонот до глава додека спиете!
Пет девојчиња од 9-то одделение во едно училиште во Данска извеле интересен експеримент кој предизвикал огромно внимание, а сликите кои ги објавиле на интернет предизвикале бурни реакции на многу истражувачи, биолози и експерти за зрачење од Англија, Холандија и Шведска.
Експериментот се состоел во тоа што тие следеле како се развива семе на идентични билку во две простории со идентични положби во однос на сонцето, еднакво количество на вода и иста температура но со една разлика што во едната просторија ставен е рутер за безжичен интернет кој емитува зрачење исто како обичен телефон.
По 12 дена семето во собата каде што бил рутерот воопшто не никнало, а некои семки буквално угинале. Билки искочиле од се,ињата во просторијата без зрачење сосема нормално напредувале и биле потполно здрави.
Младите истражувачи всушност сакале да го свртат вниманието на тоа како мобилниот телефон, кои повеќето од нас го чуваат покрај креветот во близина на главата, влијае на сонот и на концетрацијата, но такво нешто било невозможно да го измерат во училиште , па одлучиле тоа да го покажат со растенијата.
Откако го виделе резултатот од експериментот, ниту една повеќе не спие со телефонот покрај креветот.
- Навистина е застрашувачки дека зрачењето има толку големо влијание на живите суштества, па со тоа секој поединец треба добро да поведе сметка. Во текот на ноќта телефонот искучете го или ставете го во друга просторија, а компјутерот мора да биде исклучен додека спиете, вели леа Нилсен, една од девојчињата.
Експериментот покажал колку зрачењето е штетно, а вие добро размислете дали и во иднина во текот на ноќта ќе го чувате мобилниот во близина на главата.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
