Балкан
22. October 2015 - 10:33

После 23 години Викторија од инвалидска количка застана на своите нозе

Викторија Стефанова (23) од Велико Трново, Бугарија, после 23 години успеа да застане на своите нозе. Таа боледува до церебрална парализа и сиот живот го минала во инвалидска количка.
 
Направила операција во Австрија и после рехабилитацијата таа стапнува на нозете и е на пат сосема да оздрави.
 
-Вики беше долгоочекувано дете за нас. Осум години не можевме да имаме деца и кога забременив целото семејство беше многу среќно. Таа сепак се роди со церебрална парализа и од мала ја водиме по доктори, операции и бајачи. Се пробавме, но ништо не успеа да ја стане од количката, раскажува мајката Стела.
 
Вики сонува да стане лекар, за да им помага на луѓето кои имаат проблеми со локомоторниот систем.
 
Пред неколку месеци нејзиниот дедо го продал семејниот имот и со парите таа заминала на лекување во специјализирана детска ортопедска клиника во Виена.