Поскапуваат патарините во Србија
Од 10 јули ќе се плаќа поскапа патарина во Србија. Имено, Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие Путеви Србије.
Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие Путеви Србије.
Ова се новите цени на поединечните делници на српските автопати:
Белград – Шид: нова цена 500 динари (сега 450 динари),
Обреновац – Прељина: нова цена 560 (510 динари)
Белград – Суботица: нова цена 800 (730 динари)
Белград – Врбас: нова цена 470 (420)
Белград – Ниш југ: нова цена 1.130 динари (1.020)
Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (1.510 динари)
Белград – Баточина: нова цена 500 (450)
Ново на Сител
-
Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата
-
Ангелов: 12 села во земјава зафатени од пожари
-
Едно лице загина во пожарот што го зафати кумановското село Кокошиње
-
Изгореа животно и сено во пожар во штала во Глумово
-
Семејна драма: Татко го нападнал синот со нож, а тој го удрил со тврд предмет
-
Изгореа неколку куќи во светиниколско Немањици
-
МВР за Сител: Нема повредени патници во запалениот автобус