Поскапуваат патарините во Грција

Најавено е значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец од страна на концесионерите на главните грчки автопати, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми.
Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 година и се нагласува дека државата ќе ги исцрпи сите опции што и се на располагање за да ги запре едностраните дејствија на компаниите.
Притоа се потсетува дека на 3 јули концесионерите побарале средба во министерството за да се разговара за ажурирање на патарините врз основа на концесиските договори. Одржани се две средби, на 18 и 24 јули, на кои се разговарало за алтернативни сценарија за изнаоѓање решение кое нема да биде товар за граѓаните. Поради тоа, министерството билое изненадено кога на 28 јули пристигнал допис во кој концесионерите се изјасниле дека имаат намера да продолжат со значително зголемување на патарините.
Сајтот newmoney.gr прецизира дека во барањето на концесионерите поскапувањето на некои наплатни пунктови достигнува 16 проценти. Новите цени ќе важат само за периодот септември-декември, бидејќи следниот месец треба да се утврдат надоместоците што треба да се наплатат од почетокот на 2024 година, повторно според индексот на потрошувачките цени.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
