Поскапуваат билетите на ЈСП, новите цени од први јануари

Поскапува користењето на услугите на јавниот градски превоз во Скопје. Најпопуларните билети за едно возење ќе имаат зголемена цена од 1 јануари 2016 година, додека билетите за 10 возења ќе ја имаат идентичната цена со електронските картички, но ќе важат само 15 дена, објави порталот Build.mk.
Купувањето на билет во автобус на ЈСП-Скопје по Нова година ќе чини дури 60 денари. Од 30 на 35 денари е зголемена цената на оној билет што е дополнет на електричната картичка вон автобусите. Ако граѓаните сакаат да платат билет со мобилен телефон, тогаш тоа ќе ги чини 40 денари. Ноќниот билет платен со електронска картичка и понатаму ќе чини 40 денари, но за оној платен со мобилен телефон ќе мора да се одвојат 50 денари.
Наместо да се намали цената на билетите, со воведувањето на електронските картички ќе поскапи јавниот превоз во главниот град. Од ЈСП во наредниот период ќе го стимулираат користењето на месечните и на годишните билети кај граѓаните, кои имаат пониски цени од постоечките. Месечен билет во првата зона ќе ја има цената од 1.400 денари, додека за двете зони тој ќе чини 1.600 денари. Годишниот колективен билет за вработени од 1 јануари ќе може да се купи за 15.400 денари. Со воведувањето на електронскиот систем, на граѓаните им се овозможува да користат нови опции за плаќање на услугите.
Како билети за повеќе возења, на скопјани им се нудат дневните и седумдневните билети. Дневен билет за повеќе возења во градска зона ќе чини 120 денари, додека користењето на приградските автобуси во текот на цел ден ќе се плаќа 150 денари. Нова можност за граѓаните е употребата на повеќе автобуси во текот на 90 минути. Еден ваков билет ќе чини 60 денари ако се користи електронска картичка, додека со мобилен телефон истиот ќе има цена од 70 денари.
Од први јануари освен пензионерите, бесплатен превоз ќе имаат и студентите и средношколците.
Ново на Сител
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
