Поштар од САД осомничен дека е татко на 1.300 деца
Пензиониран 87-годишен поштар од градот Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, е татко на вкупно 1.300 непризнати деца, според ДНК тест и лични сведоштва собирани последниве 15 години, пишува порталот „Лајк Маг“.
Сето ова започнало кога едно локално семејство покренало приватна истрага, што потоа довела до овој, според многумина, неверојатен податок.
- Контрацепцијата во тоа време не беше баш популарна. Немам од што да се срамам, 60-те години беа златно доба, а јас многу добро го имитирав Џони Кеш и дамите „паѓаа“ на тоа. Некои дури и мислеа дека јас навистина сум тој или барем сакаа да веруваат во тоа, изјави поштарот кој претпочита да остане анонимен.
Џони Кеш е познат кантри пејач од Нешвил, кој во тоа време бил доста популарен во САД.
Детективот Сид Рој, кој ја спровел истрагата, вели дека ниедно од децата не е заинтересирано да покрене процес против старецот, пред се, поради тоа што не сакаат да се расчуе приказната.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички