Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Скопје
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи - Скопје денеска и утре поради претстојниот верскиот празник Задушница ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта - десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. „Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
