Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД.
Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.
-По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско - косовска бригада“ до улицата „8 Септември“, како и улицата „Македонско - косовска бригада“, на потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди “ до крстосница со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор