Портрет на хрватската поетеса Ружица Циндори

По повод објавувањето на книгата „Некој пред мене бил во оваа шума“ на македонски јазик, во превод на Весна Ацевска и во издание на скопски „Макавеј“, вечер во 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи поетски портрет на познатата хрватска поетеса Ружица Циндори.
За творештвото на Циндори и за нејзината нова книга на македонски јазик ќе говорат Љерка Тот – Наумова и преведувачката Весна Ацевска, а книжевната вечер ја организира Заедницата на Хрватите во Македонија.
Ружица Циндори денес е меѓу најактивните хрватски поетеси, секретар е на Друштвото на хрватските писатели, автор на дванаесет поетски книги, носител на респективни хрватски и меѓународни награди за литература и член на Управниот одбор на организацијата на европските писатели од Брисел.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
