Портокалова фаза: Еве каде во Македонија денеска е најтопло
Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.
До крајот на денот останува сончево и многу топло време со слаб североисточен ветер.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 41 Демир Капија, 40 Гевгелија, Скопје, 39 Штип, 38 Струмица, Виница, Тетово, 37 Битола, 36 Прилеп, Тополчани, Кр. Паланка, 35 Претор, Берово, Ѓуриште, 34 Пожаране, 32 Маврово, Лазарополе.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 10 до 20, а максималната од 36 до 42 степена. УВ=9.
Во Скопје сончево и многу топло. Температура од 18 до 41 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9. Според прогнозираните температури во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.
Ново на Сител
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин
-
КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме