Портокалов аларм, високи температури и УВ-индекс
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 39 степени.
Според прогнозата на УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени.
-Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот