Поразителна Ковид-19 статистика за Македонија
Македонија и натаму е на врвот според бројот на нови дијагностицирани случаи позитивни на Ковид-19. Во претходното деноноќие земјава регистрираше 76 нови случаи што е далеку најмногу во регионот. Србија дијагностицирала 24 нови случаи, Албанија 21, додека соседите на исток и југ, Бугарија и Грција по 19. Босна и Херцеговина има 11 нови случаи а две позитивни лица ја дополнуваат статистиката во Црна Гора. Хрватска нема нови случаи вчера исто како и Црна Гора која веќе се води како надвор од пандемијата.
И додека во бројот на нови случаи го држиме врвот, кога станува збор за помошта која Македонската влада ја одвојува за помош на економијата, земјава се наоѓа на дното во Македонија. Според истражувањето на Универзитетот Колумбија во Њујорк земјава за помош на економијата одвоила само 1,2% од бруто домашниот производ. Најмногу за помош на економијата во регионот одвоила Словенија, 19,7% од БДП, по што следи Хрватска со 9,3%, Србија со 6,5, Босна и Херцеговина 3,6%, Албанија со 2,8, Косово со 2,5% и Црна Гора со 1,7% од БДП.
Во светски рамки на прво место е Јапонија која за помош на економијата погодена од ковид19 одвоила над една петтина од БДП или поточно 21,1%.
Во апсолутни бројки на врвот се САД со издвоени 2700 милијарди долари што е 13% од БДП.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа