-->
-->
Пораз од Романија, следен ривал Англија
-->

Женската кошаркарска кадетска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 16 години) со пораз од домаќинот Романија ги заврши натпреварите во групата Д на Европското првенство Б дивизија што се игра во Орадеа. Романија постигна победа од 89:34.
Прва во групата беше Полска со скор 4-0, Романија имаше 3-1, Белгија 2-2, Македонија 1-3, а последна е Норвешка со 0-4.
Нашата репрезентација групата ја заврши на четвртото место и ќе разигрува за пласман од 9 до 16.место. Во првиот натпревар во разигрувањето за пласман ќе ни биде селекцијата на Англија. Натпреварот се игра во петок, а денеска е слободен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
-

„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
-

11 недели по формирањето, распуштена единицата за дрога во Куманово поради немање резултати
