-->
-->
Пораст на криминалот со политичка позадина во Германија
-->
Насилството извршено од страна на крајни десничари со политички мотиви насочени против странци и други идеологии пораснало за повеќе од 14 проценти во текот на 2016 година, објави денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Порастот на крајно десничарски мотивиран криминал се случува откако и во 2015 година имаше значително зголемување на овој вид криминал, а аналитичарите на германскта полиција забележале дека зголемување има и во криминалот поврзан со говорот на омразата, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во 2016 година забележани се 1.698 физички напади, закани, подметенувања пожар и други видови насилства од страна на германските неонацисти и други радикални десничарски активисти. Кај говорот на омраза, кој е во пораст за 3, 6 проценти или за околу 370 случаи повеќе од лани, најчести се навреди на расистичка, антиеврејска и општа религиозна основа, при што најголем број од делата се сторени на интернет.
Според германското федерално Министерство за внатрешни работи за две третини е зголемен и криминалот сторен од странци пред се поради конфликтот меѓу турската заедница и забранетатата Курдска работничка партија (ПКК).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно