Пораст на договорите склучени без тендер во првото полугодие
Во првите шест месеци од годинава се објавени вкупно 8.562 тендери од кои 2.033 се целосно или делумно поништени, а со преговарање без објавување оглас се склучени 208 договори за што се потрошени 7,4 милиони евра.
Ова го покажува анализата на јавните набавки што ја спроведува Центарот за граѓански комуникации.
Причини за склучување на овие договори за преговарање била од технички или од уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивни права , договорот може да го изврши само одреден економски оператор. По овој основ склучени биле 128 договори чија вредност била 3,3 милиони евра или 45 проценти од договорите. Четириесет и пет договори се склучени заради итност од набавбката и немањето време за спроведување постапка за јавна набавка каде вредноста е 1,8 милион евра.
Извештајот покажува дека има зголемување на поништените постапки. Кај 35 проценти од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи.
Според Центарот, ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите. Најголем дел, 34 проценти, биле поништени бидејќи не била доставена ниту една понуда, 15 проценти затоа што понудените цени биле понеповолни од пазарните, 14 проценти биле поништени бидејќи не е поднесена ниту една прифатлива понуда, осум проценти поради пропусти во тендерските документации и осум проценти поради констатирани повреди на Законот за јавни набавки. Според анализата, продолжила праксата да се поништуваат поголеми, отколку помалите тендери.
Целосно електронски биле спроведени 77,5 проценти од тендерите во првите шест месеци, а негативни референци, односно 16 фирми добиле забрана за учество на сите тендери во земјата во рок од една година, а една фирма добила три негативни референци и со тоа забрана за учество во рок од три години.
Центарот забележува дека во електронските аукции се постигнувале многу ниски цени, што според нив се доведува во прашање реалноста на проценетата вредност на тендерите, како и квалитетот на набавките.
- Најниската цена‘ како единствен критериум за избор води кон тендери со апсурдни цени од 0,01 денар и 0,01 процент. Оваа пазарна нелогичност го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот, сметаат од Центарот за граѓански комуникации.
Во првото полугодие од 2017 година до Советот за јавни набавки, тело кое сеге веќе е укинато, се доставени 7.583 барања од договорните органи, односно само 9 отсто помалку од истиот период претходната година. За дадените мислења, Советот им фактурирал на договорните органи вкупен износ од 806.172 евра.
Центарот за граѓански комуникации спроведува мониторниг на јавните набавки на шест месеци врз 60 случајно избрани постапки за јавни набавки.
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани
-
Руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, евакуирани 89 патници
-
Новата изјава на Кешишев која негира дека Палчо ги сторил убиствата нема доказна вредност
-
Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана
-
Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер
-
Два пиштоли и 30 куршуми одземени од 30 годишник од кумановско
-
Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети
-
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига