Поранешниот српски премиер Зоран Живковиќ за МИА: Режимот на Вучиќ е пречка Србија да биде добро место за живот
Поранешниот српски премиер Зоран Живковиќ, вo изјава за МИА вели дека во Србија веќе неколку месеци протестираат луѓе кои мислат дека Србија може да биде добро место за живот и дека пречка за тоа е режимот на актуелниот претседател Александр Вучиќ
– Демонстрантите сметаат дека пречка за тоа е режимот на претседателот Александар Вучиќ, кој во изминатите седум години ги краде граѓаните на Србија на избори или со крадење на иднината на нас и на нашите деца, изјави Живковиќ.
Според него, стапката на криминал е зголемена, корупцијата никогаш не била толку голема и во државата има голем број афери што никогаш не се затворени
-Овие протеси се насочени да се најдат нормални услови за избори. Сигурни сме дека на нормални изборни услови, со нормални медиуми, Вучиќ нема шанси да победи на следните избори. И, заради тоа е борбата, ова што се случува во изминатите 15-16 недели…Денеска имаме посебна цел – да го спречиме Вучиќ да ја напушти зградата на претседателството од каде преку прес конференција повторно ги навреди граѓаните на Србија и политичките противници и Македонците и сите во регионот, изјави Живковиќ.
Ново на Сител
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите