-->
-->
Поранешниот шеф на Интерпол осомничен за примање поткуп
-->
Кина официјално го уапси некогашниот шеф на Интерпол, Менг Хогвеи под сомнеж дека примал поткуп.
Јавното обвинителство го објави денеска обвинението.
Менг е избран за претседател на меѓународната полициска организација во 2016 година, но четири годишниот мандат му е прекинат кога кинеските власти го приведоа минатиот октомври.
Во тој момент Менг бил еден од замениците на кинескиот министер за јавна безбедност.
Дисциплинската комисија на владејачката Комунистичка партија на Кина минатиот месец соопшти дека со истрагата е утврдено дека Менг е виновен за сериозно кршење на законот. Тој потоа е исклучен од партијата, а сите финкции му се одземени.
Во партиското соопштение Менг е обвинет дека ги злоупотребил службените овластувања за да го задоволи „екстравагантниот стил на живот“ на своето семејство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата