Поранешниот ректор на Приштинскиот универзитет повикан на распит од Специјалниот суд за Косово
Поранешниот ректор на Приштинскиот универзитет (УП) Ибрахим Гаши, кој бил припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), е повикан на распит од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, во својство на сведок.
Гаши, кој е и поранешен пратеник во косовското Собрание од редовите на Демократскиот сојуз на Косово, информацијата ја објави преку својата официјална страница на Фејсбук, наведувајќи дека поканата ја добил минатата недела, а ќе биде интервјуиран во текот на оваа недела во Приштина.
– Верувајќи во правдата, како и затоа што сум убеден во праведноста и чистотата на борбата на ОВК, позитивно ќе одговорам на оваа покана, напиша Гаши.
Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа оваа меѓународна правна институција ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.
Покана да се јават пред бвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено неколку десетици, според некои косовски медиуми и повеќе од 100, поранешни команданти или други припадници на ОВК.
Меѓу оние кои добија покана е и поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај кој, поради тоа, во јули годинава поднесе оставка од премиерската функција, по што беа распишани вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 6 октомври.
Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.
Првите обвиненија, според приштинските медиуми, се очекува да бидат подигнати до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
Вакцината на „Модерна“ делува и против новите мутации на Ковид-19, тврдат научници
-
Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“
-
Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје
-
ОН: Во 2020 изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009
-
Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар
-
Најмногу снег на Попова Шапка - 40 сантиметри
-
Димитров и Османи на средба со Силва: Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Образованието во Македонија со тандемот Царовска - Заев е во целосен колапс