Поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов вчера се обрати во Обединетите Нации во Женева на Состанокот на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави и Канцеларијата на ОН во Женева кој се одржа во периодот од 12 до 13 јануари во Женева, Швајцарија. Состанокот, како што информираат од неговиот кабинет, бил на тема „Собирајќи ги деловите: Предизвици за поправање на скршениот свет“, а Иванов се обрати на петтиот панел на тема „Мултилатерализам за спас“.
Иванов во обраќањето истакна дека глобалните закани и глобалните кризи се индикатор дека се потребни фундаментални реформи на мултилатералните институции, а дека како најсуштествени се издвојуваат многуте предлози за промени на Советот за безбедност – предлози за нови постојани членки, користењето на правото на вето, двојните стандарди со цел за поголема инклузивност и ефикасност на Советот за безбедност, се вели во соопштението од кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Поранешниот претседател, исто така, нагласил и дека не изостануваат и предлози за промени на меѓународните финансиски институции и делови од глобалниот систем. Но, дека претставниците на државите повеќе се заинтересирани постојните мултилатерални институции да продолжат да функционираат, ако треба и на основно ниво, отколку да се реформираат затоа што, иако, тие се несовршени и делумно функционални, и како такви се повеќе корисни, отколку да ги нема.
– Државите, покрај сè, мора да продолжат да соработуваат меѓу себе и да промовираат заеднички цели и да ги балансираат спротивставените интереси, потенцираше претседателот Иванов во обраќањето на панелот за мултилатерализмот.
На Состанокот на високо ниво во Женева учествуваа голем број поранешни претседатели на повеќе држави меѓу кои на Латвија Валдис Затлерс, на Србија Борис Тадиќ, на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, на Швајцарија Мишелин Калми Реј, на Бугарија Ресен Плевнелиев, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Латвија Раимонис Вејонис, на БиХ Младен Иваниќ, на Грузија Ѓорѓи Маргвелашвили, на Бугарија Петар Стојанов, и др. Иста така, на состанокот учествуваа и повеќе поранешни премиери и министри од повеќе држави, како и поранешни претседатели на повеќе меѓународни организации.
На состанокот, како што информираат од кабинетот на Иванов, учествувале и модерирале дел од дискусиите и највисоки претставници на Канцеларијата на ОН во Женева и ко-претседавачите на Меѓународниот центар Низами Ганџави, Исмаил Серагелдин поранешен заменик претседавач на Светска банка и основал на Александриската библиотека и Ваира Вике-Фрајберга поранешен претседател на Латвија. Учесници на Состанокот на високо ниво беа и поранешни високи функционери во рамките на институциите на ОН.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
