Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила
Поранешниот претседател на Гамбија, Јахја Џамех во последните седмици на власт украл 11,4 милиони долари од државната каса, како и луксузни автомобили, и ги изнел од земјата со товарен авион, изјави Ахмед Фати, советник на новиот шеф на државата.
- Гамбија е во финансиска криза, а касата е буквално празна. Тоа е факт. Тоа е потврдено и од експерти во Министерството за финансии и Централната банка на Гамбија, рече владиниот претставник.
Поранешниот лидер на оваа западноафриканска држава, Јахја Џамех по симнувањето од власт одлучил да замине во егзил и избегал од главниот град Банџул. Тој ја презеде власта со преврат во 1994 година, а се повлече под притисок на голем број африкански лидери кои по претседателските избори во Гамбија во декември извршија притисок и го принудија да го признае поразот.
Новиот претседател на Гамбија, Адам Бероу, кој победи на изборите, се уште се наоѓа во Сенегал поради безбедносни причини, но изјави дека наскоро ќе се врати во татковината.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица