Македонија
4. April 2022 - 16:58

Поранешниот дечко ја натепал пред угостителски објект во Аеродром

На 03.04.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром, 26-годишна скопјанка пријавила дека во 15.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Х.Ц. од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.