Поранешната Мис на Австрија Ена Кадиќ им подлегна на повредите
Виена, 20 октомври 2015 (МИА) - Поранешната Мис на Австрија, Ена Кадиќ им подлегна на повредите здобиени при падот од 30 метри височина.
Покраинските власти на Тирол соопштија дека Ена Кадиќ синоќа околу 22:30 часот по три дена „ја изгуби борбата за животот“.
Убавицата на Австрија од 2013 година, која е со босанско потекло, падна од панорамската платформа на планината Бергизел во петок попладне.
По падот Ена му се јавила на нејзинот брат и му рекла дека е тешко повредена на Бергизел. Нејзината мајка веднаш ја алармирала на Брзата помош која тргнала во потрага по Ена.
Кадиќ под панорамската платформа набрзо ја пронашле двајца студенти.
Младата девојка имаше повеќе тешки повреди, а лекарите од првиот ден рекоа дека е во „многу критична состојба“.
Ена Кадриќ во 2013 година ја освои титулата Мис на Австрија и ја претставуваше земјата на изборот на Мис на светот во Индонезија.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста