Свет
10. January 2018 - 17:59

Поранешен руски полицаец е обвинет за 59 убиства

Поранешниот руски полицаец Михаил Попков (53), кој веќе издржува затворска казна за убиство на 22 жени, денеска се појави на суд поради обвинение за уште 59 убиства. 

Попков е осуден на доживотна затворска казна, а доколу се утврди дека ги извршил и останатите убиства, со што нивниот број ќе се искачи на 81, тој ќе биде најмасовен убиец во историјата на Русија. 

Тој жртвите ги намамувал во неговиот автомобил во градот Ангарск.