Поранешен претставник на Сенатот: САД прикриваат податоци за НЛО-а
Хари Рид, поранешен официјален претставник на мнозинството во американскиот Сенат, тврди дека Владата на САД прикрива информации за НЛО-а со години.
– Тоа е многу лошо за нашата земја… Повеќето (од случаите) не излегле во јавноста, изјави Рид.
Во новиот документарец „Феномен“ на режисерот Џејмс Фокс, се говори за неколкуте случаи кога Морнарицата на САД забележала НЛО-а, коишто неодамна беа потврдени од американските власти. Се разгледува и еден новообјавен извештај на морнарицата од 1967 година, како и други случаи над и вон САД.
– Ако сѐ зависеше од претседателот, овие податоци никогаш немаше да бидат објавени, вели Рид во документарниот филм.
Според неговото кажување, тој учествувал во изготвувањето на законите околу таа строго доверлива американска владина Програма за НЛО-а. Вели и оти треба да се потрошат и повеќе пари за проучување на овие појави.
НЛО-стручњакот Ли Шпигел, поранешен новинар на весникот „Хафпост“, смета дека вистината треба да се прикаже заради безбедноста на сите луѓе и нации на нашата планета.
Ново на Сител
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија