-->
-->
Поранешен директор на руската Федерална служба изврши самоубиство во судница
-->
Поранешниот директор на руската Федерална служба за извршување казни, Виктор Свиридов денеска изврши самоубиство во судницата на московскиот суд откако му беше изречена казна од три години затвор под обвинение за корупција.
Судот Чертановски во Москва потврди дека Свиридов починал на самото место откако со пиштол пукал во себе.
Свиридов кој боледуваше од рак беше осуден на три години затвор поради изнуда на 10 милиони рубљи (158.500 долари).
Свиридов, претходно се изјасни за виновен, а неговите адвокати побараа да не биде осуден на затворска казна.
Во тек е истрагата како обвинетиот успеал да внесе пиштол во судницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“