Пораки за Светскиот ден на танцот

Користејќи го најсовршениот инструмент создаден од природата - човековото тело, секој танцувач се обидува, дарувајќи ја својата душа на публиката, да ги опише моќта на танцот, мигот на раѓање на нова положба, ново движење, опишувајќи го она што не може да се опише.
Ова во македонската порака по повод Светскиот ден на танцот 29 Април го пишува примабалерината на Македонскиот балет Тања Вујисиќ-Тодоровска, која по 25 години активна балетска кариера се посвети на педагошката дејност и работи како раководител на Катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

- Ако не сте застанале на сцена соочувајќи се со погледите на секој посетител, верувајте ми дека не ќе можете да го опишете истовремено чувството на психолошки грч, во чиј драматуршки фон е и чувството на огромна моќ, во секој мускул на телото..., пишува Вујисиќ-Тодоровска која вели дека пораката им ја праќа на сите што живеат за и од танцот.
Меѓународната порака за Светскиот ден на танцот ја напиша Леми Понифасио, кореограф и танчар од Самоа, основач на МАУ - танцова компанија со седиште на Нов Зеланд.
- Допри го космосот, тој извор на нашата боженственост, осветлувајќи ги лицата на предците за да ги видиме нашите деца разделен над, помеѓу, под сето здружено внатре во нашето тело, коски и сеќавање... Создавај танц, движење на љубовта, движење на правдата, светлина на вистината, пишува во пораката-песна „Каракиа“ (Молитва) на кореографот Понифасио, кој настапувал на престижни фестивали за танц и музика низ светот.

Светскиот ден на танцот се одбележува на 29 април, востановен во 1982 година од Меѓународниот совет за танц (International Dance Council-CID) на Интернационалниот театарски институт. Денот е избран по датумот на раѓањето на Жан-Жорж Новер, зачетник на модерниот балет и танцов реформатор. Секоја година на овој ден на сцените низ светот се читаат национални и меѓународни пораки за танцот.
Ново на Сител
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
-

За 24 часа уапсени 5 возачи, четворица возеле без дозвола, додека една жена пијана предизвикала две сообраќајки
-

Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
-

Викендов пресврт на времето, дожд и грмежи, потоа пад на температурите
-

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова
-

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила
