Поради снегот, повеќе лица заглавени во Општина Студеничани
Поради наноси од снег повисоки од 60 сантиметри, едно лице е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово во Општина Студеничани.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицето денеска, во 9:18 часот, во РЦУК Скопје пријавило дека е заглавено, се наоѓа во сопствена викендица и не е во можност да го користи сопственото моторно возило, иако има зимска опрема.
Од РЦУК Скопје го известиле градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места. Потоа од градоначалникот добиле информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило мотор со гасеници, но го одбил тоа бидејќи не сакал да го остави возилото.
Исто така денеска во 9:20 часот добиена е пријава за лица кои се наоѓаат во Планинарскиот дом „Караџица“ во Општина Студеничани, со возило, но поради висината на снежната покривка не можат да се вратат дома.
И за овој случај е известен градоначалникот на Општина Студеничани.
ЦУК соопшти дека има проблеми со водоснабдувањето во Берово, Кавадарци и Крушево. Апелираат сите итни случаи да се пријавуваат на бројот 112 во ЦУК.
Ново на Сител
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд
-
Магла на планинскиот превој Буково
-
Светското првенство во 2034 година може да се одржи во јануари
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство