Поради штрајкот сообраќајот во Париз е парализиран
На петтиот ден од штрајкот против реформата на пензискиот систем во Франција, сообраќајот во Париз е парализиран бидејќи се прекинати линии на подземната железница и откажано сообраќање на илјадници возови.
Националната железничка мрежа на СНЦФ препорача патниците да останат дома или да користат „алтернативни превозни средства“ за да дојдат на работа заради безбедносни ризици.
Илјадници возови, вклучително и 80 железнички линии меѓу Лондон и Франција, Белгија и Холандија се во прекин. Повеќе од 50.000 патници мораа да ги променат плановите за патувања, пренесува Индепендент.
Јуростар предупреди дека нивното сообраќање ќе биде значително блокирано во текот на следните четири дена, што ќе погоди уште 30.000 луѓе.
Во Париз воопшто не работат 10 од 16 линии на метрото, а четири линии обезбедуваат ограничена услуга, пренесува Локал
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце