Живот
15. January 2017 - 10:00

Поради оваа смрт сега стравува цел свет: Се случи она од што научниците најмногу се плашеа

Жена од Невада почина откако била заразена со супербактерија која е отпорна на сите антибиотици во Америка, што го потврди најголемиот страв на научниците, дека бактериите стануваат имуни на сите можни антибиотици.

Нејзината состојба се покажала неизлечива, откако лекарите залудно пробале 26 различни антибиотици пред да почине во септември минатата година, соопшти американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Неименуваната жртва имала преку 70 години, а се разболела на пат во Индија.

Таа во Индија била хоспитализирана повеќе пати, пред да биде префрлена на лечење во болница во Неавада во средината на август. Една недела подоцна локалните здравствени официјални лица биле известени дека обидот за лечење со сите можни антибиотици е без успех. ЦДЦ покасно утврдиле дека ниту еден лек кој е моментално на пазарот не би можел да го запре напредокот на оваа бактерија.

„Пробавме со се што е достапно во САД и ништо не беше ефикасно. Тоа е загрижувачки. Толку долго работевме на створување на некои нови антибиотици. Но очигледно бактериите и бацилите можат да развиваат побрзо отколку што ние можеме да направиме нови антибиотици“, изјави Александар Кејлен.

Според зборовите на експерт од ЦДЦ, бактериите отпорни на сите антибиотици се доста ретки и тогаш е неопходно да се спроведад превентивни мерки кои подразбираат изолација на пациентот.