Поради обилните врнежи излевање на фекалната канализација во Кавадарци
Поради обилните врнежи и оштететувањето на фекалниот колектор на градот од двете страни на реката Луда Мара како последица од нелегални приклучоци на атмосферските води во фекалниот колектор, дојде до излевање на фекалниот колектор на неколку места во Кавадарци. При тоа се поплавени објекти кои се наоѓаат во пониските делови на градот, информира Бојан Атанасов, раководител на Одделение за водовод при јавното претпријатие „Комуналец“.
- Нашите екипи се терен и постојано вршат отпушување на колекторот каде настанало запушувањето, за да ги намалиме штетите и можностите за излевање на колекторот. Таму каде што е потребно вршиме и копање, ако не може со цистерна или со сајла да се заврши работата, појасни тој.
Нагласи дека бројот на граѓани кои пријавуваат проблеми е голем затоа што делот долж реката каде што колекторот е најоптеретен е најмногу нападнат од тие диви приклучоци на атмосферска вода.
- Тука се најголемите проблеми, значи излевањето е најчесто во подрумските простории, зашто граѓаните си извршиле приклучок на нивните подруми на фекалниот колектор, си направиле во подрумот да имаат кујни или слично. На некој начин несвесно со тоа го оптеретиле колекторот и на крајот кај нив доаѓа до излевање затоа што се многу ниско, додаде Атанасов
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување