Македонија
10. јуни 2023 - 18:59

Поради обилни врнежи сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево пренасочен преку Виница и Смојмирово

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец Македонска Каменица – Делчево, на два километри пред Делчево, сообраќајот се пренасочува преку Виница и Смојмирово.

Како што информира АМСМ, на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.