Поради новиот коронавирус откажани мисите ширум Италија, но папата Франциск продолжи со активностите

Ватикан продолжува со плановите на папата Франциск за одбележување на „сива среда“ или првиот ден на католички велигденски пост иако мисите во другите делови на Италија се откажани поради стравот од новиот коронавирус.
Папата Франциск се помоли за жртвите од вирусот и медицинскиот персонал.
– Уште еднаш сакам да изразам блискост со тие кои страдаат од коронавирусот и со здравствените работници кои ги лекуваат, како и со цивилните власти и сите кои им помагаат на пациентите во стопирање на заразата, посочи папата Франциск.
Илјадници верници на плоштадот Свети Петар носеа заштитни маски, а папата Франциск бакна едно дете додека се движеше низ плоштадот и се ракуваше со верниците кои седеа во првиот ред, иако вообичаено само ги отпоздравува со рака.
Исто така папата се ракуваше и со високите свештеници на почетокот и на крајот од собирот, додека поголемиот број свештеници се воздржаа од бакнување на папскиот прстен.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
