Живот
18. September 2017 - 11:18

Поради нејзината кожа мајка и ја вика сирена: Еве зошто ова бебе е многу посебно

Кога Мајра Биби првпат го видела свето дете и се чинело дека изгледа како кукла.

Набрзо сфтила дека нејзиното девојче изгледа многу поинаку од останатите бебиња. Кожата на нејзината малечка Мирјам била црвена и сјајна, како на пластична кукла. На детето му е дијагностицирана болеста ихтиоза. Поради ова нарушување, кожата прекумерно создава кератин, надворешен заштитен слој од кожата. Кај овие облици на ихтиоза, кожата со време станува сува, испукана, излупена и задебелена.

Иако малечката изгледа поинаку, мајката ја обожава од првиот момент. Мирјам ја има сета неопходна љубов и грижа, а мајка ја нарекува малечка Сирена.

Тие двете уживаат во секојдневните ритуали на бањање, со посебен третман, зошто нејзината кожа тоа го бара.

Оваа прекрасна мајка на своето дете сака да му овозможи одличен живот и да го вооружи со самодоверба, која во текот на животот ќе ја штити од чудните погледи.

За жал, луѓето се такви. Штом е нешто поинаку, веднаш привлекува премногу внимание.

Погледнете ја нејзината приказна: