Ракомет
19. јуни 2017 - 9:38

Влатко Митков се прости од репрезентацијата

 
Влатко Митков синоќа го одигра последниот меч во дресот на ракометната репрезентација на Македонија која со убедливата победа над Чешка 33-20, се пласира на завршницата на Европското првенство во Хрватска следната година. 
 
35-годишниот Митков кој беше еден од столбовите во одбраната на црвено-жолтите и дел од сите успеси на машкиот репрезентативен ракомет доби пригоден подарок од претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. 
 
Митков во дресот на Македонија настапи на 92 натпревраи, а со синоќешниот еден гол против Чешка, за македонската репрезентација постигна вкупно 79 голови.