Поради лошите временски услови пчелариите очекуваат 30% помалку мед
Променливото и студено време негативно ќе се одрази врз производството на мед. Првичните проценки на пчеларите велат дека оваа година количините ќе бидат намалени за околу 30%. Наместо вообичаениот просек од 8, 5 килограми по пчелно семејство сезонава во одредени региони од државата приносот ќе биде скоро преполовен што ја доведува во прашање и рентабилноста.
Ѓорѓи Андонов од пчеларската задруга Пчелин Рај вели дека неповолните климатски услови со чести врнежи од дожд освен на количината на медот, негативно се одразуваат и врз производствените трошоци кои имале значително зголемување, што за пчеларите е дополнителен проблем.
Пчеларите се свесни дека климатските промени се глобален проблем, но сепак сметаат дека во негово ублажување може да се делува и локално. Затоа апелираат до институциите за воведување на мерки и поголеми контроли, пред се на загадувачите на воздухот. Задоволни се од субвенциите што ги добиваат од државата, но сметаат дека недостасува примена на нови технологии и поголема едукација.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар