Поради лажна вест што ја испаничи Албанија приведени двајца новинари
Лажната вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, предизвикала синоќа невидена паника кај жителите на Тирана, Драч и Елбасан кои излегле од нивните домови.
Веста била објавена веднаш по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија синоќа после 22 часот со јачина 4,5 степени според Рихтер, а со епицентар 7 километри северозападно од Валона и 20 километри од Тирана.
Веднаш по веста реагираше албанскиот премиер Еди Рама преку Фејсбук кој напиша дека станува збор за лажна вест и дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“.
Реагираше и Министерството за внатрешни работи преку прес-конференција со цел да ги смири граѓаните кои испаничени до доцна вечерта чекаа низ улиците.
По објавувањето на веста и создадената паника, албанската полиција соопшти дека двајца новинари биле приведени. Според албанските медиуми станува збор за новинарот на порталот “SYRI.net”, Аурел Ракиплари и новинарката Даниела Грица од весникот „Шекули“.
Објавување на лажни вести е кривично дело и во Албанија се казнува со 5 години затвор.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка