-->
-->
Поради компликации со Ковид-19 почина Тале Герамитчиоски
-->
Поранешниот заменик министер за образование и пратеник на СДСМ Тале Герамитчиоски вчеравечер починал поради компликации од Ковид-19.
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.
„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на фејсбук заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стефковски: Барам Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба
-
Кинеското министерство за одбрана: Кина е подготвена да соработува со Русија за воените прашања
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата
-
За викендот времето ќе биде променливо облачно и топло
-
Полицијата уапси повеќе лица - кај нив била пронајдена марихуана
-
Полицијата уапси скопјанец - во неговото возило биле пронајдени тројца мигранти
-
Стоилковски: Обвинителството сериозно да се позанимава со Артан Груби
-
Јовески за случајот со Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази