Поради говор пензиониран шефот на германската служба за внатрешна безбедност

Шефот на германската служба за внатрешна безбедност Ханс-Георг Масен ќе мора да замине во предвремена пензија поради политички говор што го одржал зад затворени врати и во кој критикувал „наивна и левичарска“ политика на владата и навести дека размислува да влезе во политиката.
– Го замолив претседателот предвремено да го пензионира шефот на службата за внатрешна безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Тој додаде дека говорот на Масен „направил односот на доверба“ да биде невозможен.
Масен беше сменет на 18 септември од должноста шеф на внатрешна безбедност на Германија поради судири со канцеларката Ангела Меркел во врска со антимигратското насилство во државата. Тој тврдеше спротивно на канцеларката дека за време на антиимигрантски немири во Кемниц неонацистите не малтретирале имигранти.
Лидерите на владејачката коалиција постигнаа потоа договор Масен да биде „специјален советник“ во МВР за „европски и за меѓународни прашања“.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
