Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска ќе бидат испратени на вонреден технички преглед по што, ќе следат соодветни поднесоци.
Како што информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 1 август полицијата одзела два автомобили „БМВ“ и едно „Ауди“, додека неколку часа подоцна, односно следниот ден одземено е и возило „Ламборџини“ поради предизвикување голема бучава.
– На 1 авуст во 21 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, сопрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.Ш. (22) од Струга, со престој во Швајцарија, по што е одземено поради сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, како и автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управуван од М.Р.(26) македонски државјанин со престој во Холандија, изјави Димоски.
Истиот ден, додаде, заради бучавост сопрен е и автомобил „БМВ“ со струшки регистарски таблици, управуван од Б.А.(45) од струшкото село Радолишта, кај кого дополнително е констатирано дека возилото имало непродолжена важност на сообраќајните документи.
Неколку часа подоцна, односно во 30 минути по полноќ на 2 август поради предизвикување голема бучава запрено е и „Ламборџини“ со германски национални ознаки.
– На улицата „Партизанска“, 30 минути по полноќ на 2 август, по основ сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, запрено е возило „Ламборџини“ со германски национални ознаки, управувано од А.А.(21) од Струга, на привремена работа во Германија по што е одземено, информира Димоски.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно раст на цената на нафтата
-

ЕУ и Австралија постигнаа историски договор за слободна трговија и одбранбено партнерство
-

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска, средби со Милановиќ и Пленковиќ
-

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
-

Пентагон ја ревидираше медиумската политика согласно судска наредба, но најави жалба
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
