-->
-->
Поради анархистите се засилуваат полициските патроли во Атина
-->
Грчкото Министерство за јавен ред објави денеска дека ќе испрати уште 200 полицајци да патролираат во Атина поради насилствата на група анархисти, организирани во знак на поддршка на Константинос Јагцоглу (29), кој е уапсен поради сомнеж дека фрлил бомба на автомобилот на поранешниот премиер Лукас Пападемос.
Јагцоглу во затвор почна штрајк со глад, бидејќи не му е одобрен трансфер од затворот во Атина во затвор во централна Грција.
Во раните утрински часови групата анархисти со чекани и метални шипки разбила околу 10 излози на продавници во грчката престолнина и една пошта.
На снимките од камерите се гледаат 10 мажи, кои со чекани и шипки кршат излози, а се наведува дека на лице место набрзо стигнале и припадници на полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсени пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
