Поправаа стар телевизор, а кога го расклопија ги дочека вистински шок
-Таа дотрча до мене и ми рече дека нашла десетици илјади долари, но јас веднаш видов дека станува збор за многу поголема сума. Со овие зборови ја започнува неверојатната приказна Рик Дешамп, менаџер на компанија за рециклирање од Онтарио, Канада. Имено, една од вработените во компанијата пронашла повеќе од 100.000 канадски долари во стар телевизор од 1980 година.
Телевизорот во фабриката стоел една година пред да откријат дека во него се крие вистинско богатство.
- Ние месечно добиваме меѓу 10 илјади и 30 илјади телевизори, но ваква сума пари е еквивалент на добивка на лото - се шегува менаџерот.
Меѓутоа, внатре во уредот покрај парите имало и документи кои ѝ помогнале на полицијата да го најде вистинскиот сопственик, 68-годишен човек.
Тој раскажал дека неговите родители имале навика таму да ги чуваат заштедените пари, но тој го заборавил тоа и телевизорот му го подарил на свој пријател, кој очигледно никогаш не погледнал во внатрешноста.
- Се надевам дека паметно ќе ги искористат парите - изјавил еден од полицајците кој учествувал во потрагата по вистинскиот сопственик.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена