Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември годинава, како и споредено со октомври лани, оцениле раководителите на фирмите од преработувачката индустрија, кои очекуваат да се зголеми бројот на вработените.
Државниот завод за статистика денеска објави дека индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври споредено со септрември оваа година е зголемен за 0,1 процентен поен и изнесува 21,8 отсто, а во однос на октомври лани е зголемен за 1,1 процентен поен.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември годинава.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2019 година изнесува 69,7 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 23 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 14,7 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,2 проценти.
Ново на Сител
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
-

Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година
-

Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор
