Попова: Жално е што Шилегов одби да се пренаменат 200 илјади евра наместо за украсување во борба против Ковид

Дрско и неодговорно е расипништвото на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој во период на најголема светска здравствена и економска криза троши 200 илјади евра за сијалички, лампиони и останати реквизити за новогодишно украсување. Шилегов има пари за лампиони, но болниците немаат возила за итна медицинска помош. Шилегов троши 200 илјади евра за сијалички и украси, а учениците немаат компјутери за да следат он-лајн настава.
Градот се расфрла со пари, додека луѓе секојдневно умираат молејќи за донаторска помош, бидејќи државното здравство е во распаѓање. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во градот Скопје поднесе иницијатива за пренамена на средствата за украсување на градот. Еве го тој предлог, кој Шилегов и мнозинството на СДСМ го отфрлија.
Тие отфрлија да помогнат во корона кризата, за Шилегов да тера забави и украсување за Нова година, што е врв на недомаќинско и раскалашено однесување. Со овие пари ќе се спасеа животи.
Затоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот апелира градоначалникот Шилегов да изнајде правен механизам и овие средства наместо за украсување да се искористат за помош во борбата против корона кризата.
Tоа што за само три години од страна на Петре Шилегов се потрошени 740 илјади евра за украсување и фактот што градоначалникот останува нем на нашите повици за пренамена на овогодинешните средства, укажува на тоа дека постои оправдан сомнеж за заштита на одредени бизнис интереси. Очигледно и украсувањето за Шилегов е бизнис. На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
