Попоски во Потсдам побара посилен европскиот мониторинг на декемвриските избори

Шефот на македонската дипломатија и вицепремиер Никола Попоски денеска во Потсдам на маргините на неформалниот состанок на шефови на дипломатиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа разговарал со своите соговорници за процесите на евроинтеграции по политичкиот договор за одржување на вонредните избори на 11 декември.
Попоски очекува од ОБСЕ како организација под капата на која работи ОДИХР (Канцеларијата за демократски институции и човекови права) да обезбеди соодветен мониторинг на изборите за коишто вчера македонските политички партии постигнаа договор да се одржат на 11 декември.
- Со европските колеги, пред се разговаравме за европската агенда и за она што е значајно за нас, односно за поголема поддршка, за поголема динамика во евроинтеграциите, елиминирање на проблемот којшто досега беше генериран од политичката криза, односно спроведување на успешни избори. За ова очекуваме да ја добиеме поддршката и преку набљудување на повеќето европски организации но пред се од ОДИХР која функционира во рамки на ОБСЕ и која би направила оценка за квалитетот на спроведениот изборен процес, вели министерот Попоски во изјава за МИА.
Темата мониторинг на изборите закажани за декември се појави како проблем откако неофицијално ОДИХР најави дека постојат буџетско - финансиски проблеми за соодветен мониторинг на македонските избори ако тие се случат оваа година, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Попоски одби директно да ги коментира внатрешните работи на ОДИХР, но вели дека Македонија ќе направи се што е потребно за изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера согласно законските правила и меѓународни стандарди при што ќе нема можност било која политичка сила да бара изговори за слабиот резултат во изборниот процес.
- Со нашите европски партнери разговаравме за позитивното очекување од договорените избори кои што треба да се случат во Република Македонија. Кај нив постои согласност дека изборите се единствениот и најдобриот пат за излегување од долгорочната политичка криза во Македонија која ни нанесе прилично голема штета во поглед на европските интеграции. За оваа цел работиме заедно со партнерските земји да обезбедиме поголемо присуство на ОДИХР за набљудување на овие избори како би се елиминирале сите можни изговори во овој контекст, изјави Попоски.
Предвидените средства за мониторинг на изборите во Македонија ОДИХР/ОБСЕ биле потрошени на почетокот на годинава кога пред изборите закажани за јуни, набљудувачите на ОДИХР пристигнаа и беа подготвени за изборен мониторинг.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
